Турнири

Отворени пријавите за меморијалниот турнир „Влатко Петров 2025“ – награден фонд од 350.000 денари!

Сподели
Сподели

Започна пријавувањето за јубилејното 25-то издание на еден од најпрестижните турнири во мал фудбал во источниот регион – Меморијалниот турнир „Влатко Петров“, кој традиционално се одржува во штипската населба Чардаклија.

Бројот на учесници е ограничен на 24 екипи, со котизација од 3.000 денари по екипа. Натпреварите ќе се играат на реновираниот спортски терен во Чардаклија, каде и оваа година се очекува спектакуларна атмосфера, голема посетеност и фер-плеј натпреварување.

💰 Наградниот фонд за 2025 година изнесува 350.000 денари, распределен на следниот начин:

🥇 Прво место – 180.000 денари

🥈 Второ место – 100.000 денари

🥉 Трето место – 50.000 денари

🏅 Четврто место – 10.000 денари

🎖️ Дополнително, ќе бидат доделени и индивидуални награди од по 5.000 денари за:

👟 Најдобар стрелец
🧤 Најдобар голман

📞 За пријавување на екипа, контактирајте на:
📲 076 444 038
📲 078 355 978

Спортска Мрежа, како официјален медиумски партнер од 2022 година, и оваа година ја продолжува својата поддршка за овој респектиран турнир. Следете ги сите новости, резултати, табели и видео изјави секоја вечер на нашата веб-страница и социјалните мрежи.

Во чест на Влатко Петров, спортот повторно ќе обедини генерации, а Чардаклија ќе пулсира во ритамот на фудбалот! Не пропуштајте – пријавете се и бидете дел од традицијата!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!