На 3 јули во 14 часот во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, ќе се одржи ждрепката за квалификациите од УЕФА футсал Лигата на шампиони.
Македонскиот шампион Форца, тогаш ќе ги дознае противниците и групата во која ќе се натпреварува во најпрестижното европско натпреварување на Стариот континент.
Форца минатата сезона доминираше во македонскиот шампион и многу лесно стигна до одбра на титулата, а потоа во неизвесно финале славеше над Крива Паланка и со тоа екипата на Форца од Куманово стигна до двојната титула со што зацртаната цел се оствари, а сега Форца работи на ростерот за новата сезона и ги чека противниците за квалификациите од Лигата на шампиони.