Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс во Банско ја одработува втората фаза од летните подготовки!

Сподели
Сподели

Вицешампионот Силекс во Банско, Бугарија ја одработува втората фаза од летните подготовки за новата сезона, а секако во фокусот се подготовките за првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА против екипата на Дечиќ од Црна Гора.

Силекс во Македонија одигра два пријателски меча со Работнички, во Кратово и во Скопје, а веќе утре ќе следува пријателски меч против екипата на Дрита од Косово, кој се игра со почеток од 17:45 часот.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на мечот меѓу Дечиќ и Силекс, а првото соочување е закажано за 10 јули на стадионот „Тушко Поље“ со почеток од 20 часот.

За правдата ќе бидат задолжен судии од Ерменија, а главен арбитар ќе биде Завен Хофханисјан негови помошцнии ќе бидат Месроп Газарјан и Ваник Симонјан, а четврти судија ќе биде Вардан Манукјан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!