Прва лигаФудбал

Николче Шаркоски е слободен, кариерата ја продолжува во нова средина!

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Искусниот фудбалер Николче Шаркоски се разделува со Вардар, неговиот договор истекува, а 31-годишниот прилепчанец кариерата ќе ја продолжи во нова средина.

Шаркоски во Вардар пристигна во јули 2024 година, а дојде од редовите на Воска Спорт каде одигра една сезона, претходно во два наврати беше дел од Работнички во период од септември 2022 до јули 2023 и од февруари 2018 до јануари 2018, измеѓу го носеше дресот на Брера Струмица.

Во период од август 2014 до јануари 2018 беше дел од прилепска Победа, а претходно две години настапуваше за 11-ти октомври од Прилеп.

Со Вардар минатата сезона Шаркокси го освои Купот на Македонија, а за најтрофејниот клуб одиграни 15 натпревари во шампионат постигнувајќи еден гол, а пак во Купот на Македонија настапи на три натпревари и забележа една асистенција.

Во Прва лига, Шаркоски има одиграно 215 натпревари, постигнувајќи 27 погодоци, а притоа запиша 22 асистенции.

Шаркоски е на радарот на неколку екипи и во следниот период ќе биде познато каде искусниот фудбалер од Прилеп ќе ја продолжи кариерата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!