Турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2025“ продолжува со силно темпо, а саботната програма донесе нова доза неизвесност, изненадувања и атрактивен футсал.
Екипата на Lisicani покажа зрелост и квалитет, совладувајќи го тимот на Profi Plast со сигурни 3-1, во натпревар каде што беше јасен доминатор на теренот.
Во вториот натпревар, Karisic Bau стигна до важна победа од 3-0 над Revox, демонстрирајќи одлична организираност во играта и цврста одбрана.
Екипата на Ozan Ajaz, дојде до сигурна победа над Besa Slivnik од 2-0, резултат со што екипата на Ozan Ajaz забележа важни бодови.


Последниот меч беше вистински трилер. Desovo Gradba и Galop одиграа нерешено 1-1 во регуларниот дел, но пеналите беа решавачки. Тимот на Galop покажа повеќе смиреност и прецизност, триумфирајќи со 3-2 од белата точка и обезбедувајќи пласман понатаму.


Натпреварите се заоструваат, а секој меч добива на тежина во битката за титулата и паричниот награден фонд. Турнирот продолжува со уште поатрактивни дуели, а Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

