Турнири

АСП Пак доминира, БЗ Груп со осум гола – фудбалска фешта во саботно издание на „Петровден 2025“!

Сподели
Сподели

Саботната вечер во Мешеишта донесе нова доза одличен мал фудбал, голови, возбудувања и преполни трибини. Јубилејното 50-то издание на турнирот „Петровден 2025“ сè повеќе добива на интензитет, а вечерта ја одбележаа високи победи, но и еден натпревар без голови.

  • Резултати од сабота (21 јуни):

АСП Пак покажа класа и го совлада Типлери со убедливи 6:0. Без голови заврши натпреварот меѓу Здружение на возачи Ресен и Топлина – 0:0. Доел Ноче беше подобар од Зурли и Тапани Вевчани со 3:1. Во последниот натпревар, БЗ Груп Струга го шокираше фаворизираниот тим Македонија со убедливи 2:8.

Натпреварите беа одиграни со голема ангажираност и борбеност, а највпечатлива беше офанзивната моќ на БЗ Груп, кои испратија јасна порака до сите ривали.

  • Распоред за недела, 22 јуни:

20:00 | Брумел – Аце Најдески
21:00 | Гостилница Кај Мече – Мексико
22:00 | Гранит Х – Фурна Настоски и Форт Кафе
23:00 | Др. Баткоски – Ескобар Волино

Секој нов ден на турнирот носи нова неизвесност и возбудување. Спортска Мрежа и понатаму ќе ги следи сите случувања на теренот, донесувајќи ви ги најновите резултати, фотографии и атмосферата директно од срцето на Мешеишта.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!