Македонскиот фудбалер Дарко Анѓелески го продолжи договорот со Силекс и ќе остане дел од кратовскиот прволигаш и во новата сезона. Искусниот играч доби дополнителна чест, назначен е за нов капитен на екипата, која ќе настапува во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Силекс во првото квалификациско коло ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, а Анѓелески ќе ја предводи екипата како лидер на теренот.
Во изминатите три сезони во дресот на Силекс, Анѓелески запиша 82 настапи во Првата македонска фудбалска лига, постигнувајќи два гола и пет асистенции. Со неговото искуство и посветеност, клубот очекува стабилност и лидерство во предизвиците што следуваат на домашната и европската сцена.