ЖФК Билјанини Извори за новата сезона во Втората женска фудбалска лига е атакува на влез во Првата женска фудбалска лига, а за таа цел се гради ростерот за таквиот предизвик.
Билјанини Извори се засили со повратничката Ивана Николоска, која повторно ќе го носи „синиот“ дрес, а доаѓа од редовите на прволигашот Топ Гол од Битола.
Се работи за 20-годишна фудбалерка, која во Топ гол помина само шест месеци односно во пролетната полусезона, а претходно десет години беше дел од Билјанини Извори нејзиниот матичен клуб.

Во новата сезона Билјанини Извори ќе биде еден од главните кандидати за влез во Првата лига и извесно е дека таа борба ќе ја води со Вардар.