ИнтернационалциФудбал

Аријан Адеми ја заврши ерата во Динамо Загреб – кариерата ја продолжува во Унгарија!

Сподели
ФОТО: Гнк Динамо
Сподели

По повеќе од една деценија мината во дресот на Динамо Загреб, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и хрватскиот шампион се разделија спогодбено. Триесет и четири годишниот играч за врска , кој беше срцето на тимот и долгогодишен капитен, го напушта „Максимир“ и се сели во Унгарија, каде што ќе настапува за Ујпешт.

Новата средина не е случајна  затоа што клубот каде што ќе игра го предводи Дамир Крзнар, тренер кој добро го познава Адеми од периодот во Динамо. И покрај тоа што имаше понуди од клубови од регионот и од Блискиот Исток, Адеми реши да остане во Европа и ја избра унгарската лига како завршна станица на својата импресивна кариера.

Адеми фудбалскиот пат го започна во Шибеник, а во 2010 година се пресели во Динамо. По кратка позајмица во Локомотива, се врати и стана еден од најважните играчи на „модрите“, со кои освои многу трофеи и запиша над 350 настапи.

Неговото име ќе остане врежано во историјата на загрепскиот клуб како симбол на верност, пожртвуваност и лидерство. Тој е најодликуван играч во историјата на клубот со 24 освоени трофеи, вклучувајќи 13 шампионски титули, 7 купа и 4 суперкупа.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!