Прва лигаФудбал

Бледи Шкемби е нов тренер на Струга Трим Лум!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум официјално го назначи Бледи Шкемби за нов шеф на стручниот штаб, кој на оваа позиција го наследува Илчо Ѓорѓиоски.

По богата играчка кариера и значително искуство како тренер, Шкемби доби доверба од клубот да го води првиот тим во новата сезона. Тој е еден од најпознатите имиња во албанскиот фудбал, а во своето досегашно тренерско портфолио ги има два ангажмани на клупата на елитниот албански клуб Тирана.

По разделбата со „бело-сините“ од албанската престолнина, Шкемби се приклучува на Струга ТЛ со јасна визија – да изгради стабилен и конкурентен тим кој ќе игра значајна улога во македонскиот фудбал во следните години. Договорот е потпишан на две години, со можност за продолжување на уште една сезона.

Во стручниот штаб на Шкемби ќе се приклучи и Сабиен Лилај, уште едно име во албанскиот фудбал и поранешен фудбалер на славниот Скендербег. Лилај ќе ја извршува функцијата на прв помошник.

Останатиот дел од тренерскиот тим останува речиси непроменет – Меритон Гега и Дејан Лескароски ќе продолжат со своите улоги како помошници, Стефан Мечкаровски ќе биде задолжен за физичката подготовка, додека Дардан Мифтари останува тренер на голманите.

Бледи Шкемби остави длабока трага како играч на Скендербег, каде што беше дел од златната генерација која освои шест шампионски титули и се истакна и на европската сцена, со настапи и победи во групната фаза од Лигата на Европа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јована пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!