Прва лигаФудбал

Ново раководство, нова ера – ФК Пелистер доби нов генерален директор и раководна структура!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола влегува во нова фаза на своето функционирање. Денес, клубот одржа собрание на акционери на кое беа прифатени оставките на досегашните членови на раководството – Митко Стојковски, Тони Мицевски, Пеце Цветковски и Златко Деловски. Од клубот упатија искрена благодарност за нивниот придонес и професионален однос во изминатиот период.

Општина Битола, како единствен акционер во клубот, ја презема клучната улога во поставување на новата управна структура. За генерален извршен директор е именуван Александар Стефановски, кадар од општинското одделение за јавни дејности и човек со досегашно активно учество во спортот при општина Битола.

„Ми причинува голема чест и одговорност што ми е доверен овој нов почеток на клубот. Во наредниот период ќе го претставиме новиот тренер, кој ќе добие пошироки ингеренции во делот на спортската стратегија. Веруваме дека ФК Пелистер АД е на вистински пат и ќе продолжиме со стабилен развој“, изјави Стефановски за клубската страна.

Покрај Стефановски, Сашо Здравевски останува на функцијата технички директор, додека нов координатор на младинската школа ќе биде искусниот фудбалски стручњак Марјан Секуловски, кој веќе има значајна историја во развојот на млади играчи.

Оваа реконструкција доаѓа во момент кога клубот се подготвува за предизвиците на новата сезона, и е дел од стратегија за стабилизација, професионализација и долгорочен раст. Со новиот раководен тим, ФК Пелистер ќе се обиде повторно да стане препознатлив бренд во македонскиот фудбал, со посебен фокус и на развојот на младите категории.

Битола се надева дека ова ќе биде пресвртница кон посветла иднина за својата фудбалска гордост.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!