Останато

Успешен настап на Ѓорческа – нова победа во Загреб

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари победа во првото коло на W75 ИТФ турнирот во Загреб откако ја совлада Ралука Георгина Шербан од Кипар со 2-1 во сетови (64 36 64) за 2 часа и 52 минути. Ова за нашата тенисерка е трета победа во низа откако претходно успешно со две победи ги мина и квалификациите.

Во првиот сет се водеше изедначена борба,а притоа Лина постојано беше во предност по 2:2 во сетови, Ѓорческа поведе со 4:2, а ривалката изедначи и сетот македонската тенисерка гоза врши со 6:4. Во вториот сет на стартот противничката направи брејк за 1:0 и со вториот брејк сетот го заврши со 6:3 во гемови.

Во решавачкиот сет Ѓорческа водеше со 2:0 во гемови, а потоа и со 5:2, па така првите две меч топки ги пропушти во осмиот гем од сетот. И во деветиот гем не искористи меч топка, но затоа во 10.гем на свој сервис одигра одлично и на противничката не и дозволи ниту еден поен.

Во следното второ коло Ѓорческа ќе игра против осмата носителка Селена Јаничијевиќ од Фрнација (22 години, 228.место ВТА листа), која денеска ја победи Габриела Ли од Романија со 2-0 во сетови

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!