Турнири

ВИДЕО: Втората вечер на „Благој Истатов 2025“: Хотел Истатов одлично го отвори турнирот и најавува висок пласман!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, забрането превземање
Сподели

Втората вечер од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ донесе нови возбудувања, многу голови и доминација на двете водечки екипи од групата Г – Хотел Истатов и Агро Смарт од Штип.

Во првиот натпревар, Хотел Истатов во тесен и квалитетен дуел ја совлада екипата на Агро Смарт со резултат 3:2, наговестувајќи дека ќе се бори за врвот во групата.

Во вториот меч, Агро Смарт покажа зрелост и борбеност и со 4:2 ја совлада Црна Река, која вторпат настапи токму во последниот натпревар од вечерта.

Во завршниот дуел, Хотел Истатов ја демонстрираше својата класа со убедлива победа од 0:4 против Црна Река, која по двете одиграни средби остана без освоен бод.

  • Среда, 18 јуни 2025 – Најава за третата вечер

Утре на програмат се нови три нови натпревари, овојпат од групите Б и А:

Freith One против Серта Конче од 21 часот. Дуел кој може да биде решавачки за текот на групата Б – брзина, техника и борба за секој бод.

Во 22:00 Гостилница кај Џек на мегдан против Фурна Марфи во меч од групата А.

Во 23:00 часот ќе следува вистинско дерби меѓу Гостилница кај Џек и Еклектик. Втор натпревар за Гостилница кај Џек – дали ќе издржат физички и психолошки?

Следете ги сите резултати, табели и фото извештаи ексклузивно на Спортска Мрежа – медиумски покровител на овој голем спортски настан во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!