Започна летниот преоден рок во македонскиот фудбал со што екипите ќе може да регистрираат нови играчи за сезона 2025/2026.
Летниот преоден рок започна на 15 јуни (недела), а истиот ќе биде активен односно отворен до 6 септември (сабота), период каде клубовите во секој ранг на натпреварување ќе може да регистрираат играчи.
Колку за потсетување, зимскиот преоден рок е во период од 15 јануари до 11 февруари, а тоа значи дека летниот преоден период е значително поголем.