Втората вечер од меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа, кој се игра во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, донесе уште четири возбудливи натпревари, исполнети со борбеност, голови и динамична игра.
Турнирот продолжува да го задржува вниманието на публиката која секоја вечер во голем број ја исполнува трибината на салата во Лабуништа.
Првиот натпревар од вечерта ѝ припадна на екипата Кафе Бар Лавадо, која со резултат 6:2 ја совлада Идеал Рент Кар, контролирајќи го мечот од почеток до крај и заслужено стигнувајќи до првите три бода.
Во вториот меч, екипата на Балкан Профил беше апсолутно супериорна против Демо Пласт, победувајќи со убедливи 1:7. Балкан Профил се прикажа како тим со сериозна амбиција и квалитет, најавувајќи силна трка за нокаут-фазата.

Третиот дуел беше нешто поизрамнет, но Мечо Транс успеа да слави со 4:2 против борбената екипа на Велешта Јунајтед, која и покрај поразот остави позитивен впечаток.
Во последниот натпревар, вечерта беше заокружена со вистинска голеада – Самир Муртезоски ја победи екипата на Сео Пласт со резултат 4:7, во меч кој понуди офанзивен фудбал и бројни шанси на двете страни.

Турнирот, на кој учествуваат 24 екипи поделени во 6 групи, ќе понуди богата програма и наредните денови. Победничката екипа ќе освои 2.000 евра, второпласираната 700 евра, а третото место носи 300 евра.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан и секоја вечер ќе ве информира со резултати, фотографии и извештаи од Лабуништа.