Втора лигаФудбал

Осогово го утврди датумот за почеток на летните подготовки!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Осогово од Кочани го утврди датумот за почеток на летните подготовки за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев на 7 јули ќе ја има првата прозивка со екипите и со тоа ќе биде означен почетокот на летните подготовки за сезона 2025/2026.

Според информациите на Спортска Мрежа екипата на Кочани веќе работи на ангажман на нови засилувања и подигање на квалитетот во своите редови, а дополнително ќе информираме околу планот и распоред за одигрување на пријателски натпревар за темпирање на формата.

Осогово сака да изгради квалитетен тим со кој ќе атакува на директен опстанок, поучен од последните две сезони кога на многу тежок начин доаѓа од опстанокот во ВМФЛ.

Следната сезона од Втора лига директно во Трета лига ќе испаднат пет екипи, а три ќе играат бараж за опстанок, тоа значи дека ќе има повеќе од неизвесна сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!