Вечерва беше вистинска голеадата на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2025“, дека публиката ќе ужива во големиот број на погодоци најави првиот меч.
Галатасарај со 8:0 во првиот натпревар го декласираше Медио Петрол, тим кој буквално не можеше да се спротивстави на големиот налет на победничкиот тим.
Во вториот меч Галатасарај ремизираше со Дебреште, откако одиграа 3:3 во регуларниот дел, во пенал серијата подобра беше екипата на Дебреште со 4:5.
И трет меч во низа играше тимот на Галатасарај кој го доби со убедливи 5:1 против екипата на Alldanqe.

Во четвртиот натпревар одново победник се бараше преку ударите од бела точка, во регуларниот дел ремизираа Karishiq Bau против Теута Норов 3:3, а во пенал серијата екипата на Теута Норов беше поразена со 3:2.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.