Втора лигаФудбал

Голем интерес за голгетерот Андреј Симевски – пристигнуваат понуди од дома и странство!

Сподели
Сподели

Екипата на Каменица Саса остана без најдобриот стрелец од претходната сезона, Андреј Симевски кариерата ја продолжува во нова средина.

28-годишниот фудбалер постигна 15 погодоци за „рударите“ од Македонска Каменица, а фудбалерот од Пехчево веќе е на радарот на неколку екипи од Македонија, но и од странство.

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, на адресата на Симевски пристигнале две понуди од екипите од Првата македонска фудбалска лига, а сериозно сакаат неговиот потпис да го обезбедат и две екипи од Втора лига кои ќе градат тим за Прва лига.

Дополнително според нашите информации, за Симевски интерес има и од странство, пристигнале неколку понуди од странски екипи, па пред најдобриот стрелец на Саса за претходната година е период кога ќе треба да одлучува која понуда ќе биде најдобра со цел таму да ја продолжи својата кариера.

„Бомбардерот“ кој ги „решаташе“ мрежите во Втората лига, низ својата кариера има играно и за Кит Го од Пехчево, Детонит Плачковица, Каменица Саса, Малеш, Слога Виница, Беласица и Черноморец Бургас од Бугарија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!