Прва лигаФудбал

Силекс во 92. минута до победа над Вардар, Гостивар ја доби Шкендија, Воска до голем бод против Струга!

Сподели
Сподели

По седум одиграни кола Гостивар изби на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако денес со 3:1 славеше над некогашниот шампион од Тетово, Шкендија на „Борис Трајковски“ во Маџари.

Огузхан во 22. минута постигна гол за 1:0 на полувреме и водство на домаќинот. На стартот од вториот дел Симоновски постигна гол за 2:0 со што веќе Гостивар имаше осетна разлика.

Во 87. минута Бесарт Ибраими намали на 2:1, но брзо Џало Балде погоди за 3:1. Машике од Гостивар во 95. минута беше исклучен од игра поради два жолти картони, но тоа немаше влијание врз резултатот.

Брера Струмица ремизираше без голови против Тиквеш на домашен терен играјќи (0:0), а реми без голови имаше и во Битоле меѓу Пелистер и Работнички.

Шкупи и Беса ги поделија бодовите на Чаир откако одиграа 1:1. Едмундсоон погоди во 24. минута за 1:0, а во 82. минута Али погоди за конечните 1:1 и бод за Беса.

Воска Спорт дојде до бод против шампионот Струга Трим Лум во „Езерското дерби“ на „Билјанини Извори“ откако одиграа 1:1. Јахја одново беше стрелец за домашниот тим во 50. минута, а во 67. минута Радески погоди за конечни 1:1.

Вардар загуби на Националната арена „Тодор Проески“ од Силекс во меч под рефлектори со минимални 0:1, откако Додев постигна гол во 92. минута.

Првично голот беше понишен од главниот судија, откако помошникот го крена знаменцето, а потоа по заедника дискусија и консултација, главниот судија покажа на центарот со што голот на Силекс важеше.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!