Втора лигаФудбал

Здравков: Одличен натпревар, бодовите за нас беа важни, голманот е херојот!

Сподели
Сподели

Детонит Плачковица според планот дојде до трите бодови во дуелот со Осогово во Кочани, каде радовишани триумфираа со 1:3, за што веќе Спортска Мрежа објави комплетен извештај за натпреварите.

По мечот одигран на Градскиот стадион во Кочани, шефот на стручниот штаб на Детонит Плачковица, Горан Здравков за Спортска Мрежа рече дека неговиот тим имал одличен меч, бодовите за нив биле важни и дека фокусот е на мечот со Кожуф.

“Одличен натпревар, за нас важни беа бодовите во Кочани, имавме доста мотивиран противник кој имаше желба за надигрување и тоа ни оставаше простор за игра. Ние имавме пет до шест шанси, успеавме да реализираме три од нив. Искрено и домаќинот имаше шанси, нашиот голман беше одличен и тој е херојот на натпреварот со одбранетиот пенал и неколку шанси кои ги имаше противникот. Брзиот гол не извади од баланс, но потоа се вративме во игра. Атмосферата е одлична и позитивна во нашите редови. Честитки до моите играчи за одличната игра и триумфот. Сега мораме да се одмориме за следниот меч против Кожуф кој го играме сабота на гостински терен”, изјави Здравков за Спортска Мрежа.

Веќе во сабота екипата на Детонит Плачковица ја очекува гостување во Гевгелија против Кожуф, во рамки на 6. коло од Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!