РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Македонија во далечната Астана го доби Казахстан – Трајковски е херој!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Со голот на Александар Трајковски, македонската фудбалска репрезентација триумфираше во далечната Астана над Казахстан со минимални 0:1. Целта на Македонија е остварена и во Скопје ги носиме трите бодови, во јунскиот циклус имаме четири од шест бодови, победа со која јасно е дека до крајот на квалификациите Македонија ќе биде во игра за првото место, а тоа прво место води на Светското првенство 2026.

Нова одлична игра на македонската фудбалска репрезетанција, остваривме минимална, но голема победа, победа со која сме на првото место во групата одново, а вечерва ќе се соочат Белгија и Велс.

Трајковски погоди еврогол, откако од прва со волеј ја смести во мрежата на репрезентацијата на Казахстан, а Македонија денес во Астана одигра одлично за победа. Златни времиња за македонската репрезентација, одлична низа со одлични резултати, нека трае така и да се радуваме на пласман на Мундијалот. Заслужуваме!

ФОТО: ФФМ

Во вториот дел од мечот кога Казахстан имаше негатива од 0:1 се обидуваше да прави притисок кон голот на Македонија, имаше три шута кои завршија во рамката на нашиот гол, но нашата мрежа остана чиста.

Македонијо радувај се!

ФОТО: ФФМ

ФОТО: ФФМ

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!