Турнири

Започнуваат пријавите за второто издание на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“ – над 300.000 денари награден фонд!

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

Фудбалскиот дух повторно ќе го облее Подареш, село во општина Радовиш, каде што ова лето ќе се одржи второто издание на популарниот турнир во мал фудбал „Подареш 2025“. Пријавите за учество се веќе отворени, а организаторите најавуваат уште посилен турнир со награден фонд што надминува 300.000 денари.

Годинава, на асфалтот во Подареш се очекува вистински фудбалски спектакл, со настап на бројни екипи од регионот, желни за нови спортски предизвици и трофеи. Турнирот ќе се игра по систем 5+1, со футсал правила, а организаторите подготвија атрактивни награди за најдобрите.

Првопласираната екипа ќе освои 150.000 денари, додека за второто место се предвидени 75.000 денари. Тимот кој ќе го освои третото место ќе биде награден со 35.000 денари, а четвртата позиција носи парична награда од 20.000 денари.

Покрај екипните награди, ќе бидат доделени и индивидуални признанија – по 5.000 денари за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар млад играч.

Пријавувањето за учество е отворено од 1 јули до 2 август 2025 година, додека ждрепката ќе се одржи на 3 август 2025 година. Турнирот започнува на 5 август, а големото финале е закажано за 27 август 2025 година.

Котизацијата за учество изнесува 4.000 денари по екипа. Сите заинтересирани тимови може да се пријават на телефонскиот број 078/346-208 кај Александар.


По одлично организирано прво издание, „Подареш 2025“ добива уште поголемо значење и ветува нови спортски возбудувања за љубителите на мал фудбал. Сите патишта во август ќе водат кон Подареш, каде што фудбалот, дружбата и фер-плејот ќе бидат во прв план!

Оваа година за првпат Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан и ќе ви ја пренесеме фудбалската треска од Подареш.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!