На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Едногласно беше прифатен предлогот на работната група (Агим Ибраими, Сашо Здравевски и Игор Франговски) за промена на системот на натпреварување во македонските фудбалски лиги.
Со оваа одлука: Се усвојува нов систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27. Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Во продолжение, погледнете го моделот на новиот систем на натпреварување во МФЛ:

Поради кратењето на Втората лига од 16 на 14 екипи, како и поради кратењето на Првата лига од 12 на десет екипи, тоа значи дека во следната сезона 2025/2026 од Втора лига директно ќе испаднат пет екипи, а екипите кои ќе завршат на единаесеттото, десеттото и деветтото место ќе играат бараж.
Дополнително, Третата лига наместо во пет региони во иднина ќе биде во шест региони, па од сезона 2026/2027 за влез од Трета во Втора лига шампионите на шесте региони ќе играат меѓусебно, тоа би значело дека од Втора лига од сезона 2026/2027 трите последни екипи односно екипите на позиција 14, 13 и 12 ќе испаднаат директно односно нема да има бараж за опстанок во Втора лига.