Ракомет

ЕХФ одлули: Алкалоид го освои Европскиот куп

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе официјална и очекувана одлука во врска со неодиграниот реванш-натпревар од финалето на Европскиот Куп меѓу Алкалоид и АЕК Атина. Натпреварот, кој требаше да се игра во Скопје, не се одржа поради тоа што гостинскиот тим од Грција одби да истрча на терен.

Причината за откажувањето беше внатрешен притисок и закани упатени кон раководството на АЕК од страна на нивни навивачи, но тоа не беше прифатено како оправдување од страна на ЕХФ. Европската куќа на ракометот, по разгледување на сите доставени докази од двата клуба, донесе правична одлука – натпреварот се регистрира со службена победа од 10:0 за Алкaлоид.

„Ракометниот суд при ЕХФ утврди дека АЕК бил должен да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа сноси одговорност.

Судот донесе следна одлука:

Резултатот од реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп за мажи 2024/25 помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина се регистрира со 10:0 голови и 2:0 поени.

Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид со резултат 29:25.

Со тоа, РК Алкалоид е победник на ЕХФ Европскиот Куп за мажи 2024/25, со сите последици и придобивки што произлегуваат од таа титула.

Жалба против оваа одлука нема суспензивно дејство.

Оваа одлука се однесува само на аспектите поврзани со натпреварувањето. Посебна дисциплинска постапка во врска со одбивањето да се одигра натпреварот, предизвиканата штета и распределбата на билетите сè уште е во тек.

РК АЕК Атина има право да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена“, се вели во соопштението на ЕХФ.

Со ова, македонскиот тим стигна до втор триумф во финалната серија, откако претходно славеше и на првиот натпревар во Атина. Така, РК Алкалоид го освои својот прв европски трофеј и влезе во ракометната историја како трет македонски клуб што освоил европска титула, по Вардар и Кометал Ѓорче Петров, кои ја имаат освоено Лигата на шампионите.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Овој успех има и дополнителна тежина – трофејот е прв тренерски на европско ниво за легендарниот Кирил Лазаров, кој на Алкалоид му донесе историски момент како стратег.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Македонија доби нов европски шампион, а Алкалоид потврди дека заслужено е дел од елитата на европскиот ракомет.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми...

Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!