Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Левиот бек Стефан Петриќ се сели во Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона 2025/2026! Најново име во тимот е Стефан Петриќ, 24-годишен српски ракометар кој настапува на позицијата лев бек. Петриќ, висок 197 сантиметри, доаѓа од редовите на РК Вардар 1961, каде што помина две сезони и беше дел од европските настапи на „црвено-црните“.

Пред да го направи трансферот во Македонија, тој беше еден од клучните играчи на РК Партизан, клуб каде што ја изгради својата кариера и го привлече вниманието на интернационалната сцена. Има богато искуство и на репрезентативен план, со настапи за сите младински категории на селекцијата на Србија, што е дополнителна потврда за неговиот потенцијал и квалитет.

Со неговото приклучување, „Гладијаторите“ од Охрид добиваат физички моќен и борбен бек кој ќе биде сериозно оружје во новата сезона.

Денес, клубот и официјално му посака добредојде во новата средина.

Очекувањата од навивачите се големи, а новиот предизвик за Петриќ е да ја оправда довербата и да биде еден од носителите на играта на охридскиот клуб во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!