Најмладите одбојкарки на Наковски Волеј се нови шампионки во пионерска конкуренција. Екипата на Александар Митев во финалето со 3:1 (25:19, 25:21, 23:25, 25:16) го совлада составот на Форца Волеј ЕМА на завршниот турнир кој викендов се одржа во Струмица.
Со поддршката од домашната публика струмичките пионерки стигнаа до шампионски статус, откако претходно во полуфиналето со 2:0 го победија Вардар жени 2019. Форца Волеј ЕМА, пак, со истиот резултат беа подобри од Младост УГД.
Во мечот за третото место вардарки се изборија за бронзата со 2:0 победа над штипскиот ривал.
ФИНАЛЕН ТУРНИР ПИОНЕРКИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Наковски Волеј – Вардар жени 2019 2:0 (25:17, 25:19)
Форца Волеј ЕМА – Младост УГД 2:0 (25:23, 25:20)
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО
Вардар жени 2019 – Младост УГД 2:0 (25:20, 25:21)
ФИНАЛЕ
Наковски Волеј – Форца Волеј ЕМА 3:1 (25:19, 25:21, 23:25, 25:16)
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
1.Наковски Волеј
2. Форца Волеј ЕМА
3. Вардар жени 2019
4. Младост УГД