Кошарка

ФОТО: МЗТ Скопје Аеродром ја освои 12. шампионска титула!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Во четвртиот меч од финалето на плеј-офот, аеродромци не дозволија ново изненадување, славеа против ТФТ (77:53) за конечни (3-1) во серијата.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го направија третиот и решавачки чекор кон нова титула откако вечерва, во четврттиот натпревар од финалето на плеј-офот, беа подобри од ТФТ, и со конечни (3-1) ја добија серијата.

За прв пат, но се чини најважен, направија „брејк“ на гостински терен, во СРЦ „Кале“, кој им беше доволен да дојдат до 12. титула во историјата на постоењето на клубот од скопската населба „Јане Сандански“.

Со еден малку поинаков, поразличен пристап во однос на претходното гостување во СРЦ „Кале“, тргна шампионот во четврттиот меч од финалето на плеј-офот.

Во шест минути игра „металците“ направија двоцифрена разлика (17:6), креирана од Војдан и Дамјан Стојановски (заедно 13.поени), за доста ран тајм-аут на тренерот на ТФТ, Боро Смилковски.

И немаа намера да запрат гостинските кошаркари. Во пет минути играње во втората четвртина, МЗТ Скопје направи серија од (14-2), по која веќе беа многу далеку пред ривалот во финалето. Поведоа со (37:13), како потврда за максималнито ангажман буквално од првата минута на мечот во исполнетата сала на СРЦ „Кале“.

ФОТО: КФСМ

Некако преимпресионирани делуваа домашните кошаркари, доста ги „разниша“ тешката повреда на нивниот прв стрелец, Зек Браун, кој доби големи аплаузи пре дпочетокот на натпреварот во знак на поддршка за прикажаното во „црно-белиот“ дрес.

Со уште пократка ротација ТФТ не делуваше како вистински противник за бранителот на титулата на мечот број 4 од серијата која го дава шампионот.


Навистина, направија мини серија од (7-0) со која се приближија на (23:40), по што дојде редот на Атанасов да побара една минута одмор, на две и пол минути пред крајот на првото полувреме.

Но не и нешто повеќе од тоа, затоа што МЗТ Скопје најде начин да ја одржи таа висока позитива и по 20.минути да има плус 19, (44:25).

Креирана со доста добра „работа“ во одбрана, посебно оној скокачки сегмент кој вели дека гостите од Аеродром имаа двојно поголем број на остварени скокови (26 спрема 13). Поголем број на поентери, дури девет, што донесе сериозна предност во натпреварот.

Одморот донесе доста поголема енергија во домашниот тим. Направија серија „црните“ од (11-2) да ја спуштат негативата на уште пониски (33:46).

За аларм во редовите на актуелниот шампион…

За пет минути МЗТ Скопје имаше реализирано само два поени!


Не им одеше многу во таа напаѓачка фаза на гостите, и тројката на младиот Петков дојде во вистинско време, за одржување на двоцифреното водство (53:40) во 28.минута. За мини серија од (6-0), и за нова комотна предност (59:43).

Имаа и нешто поголеми (60:43) на почетокот на последната четвртина. А кога дојдоа двете тројки од Војдан Стојановски, по втората за плус 20 (69:49), стана јасно дека МЗТ Скопје го одбрани шампионскиот трофеј, за нив 12. во 13. по ред, одиграно финале во македонската клупска кошарка.

Статистички гледано, кај МЗТ Скопје Аеродром, Војдан Стојановски застана на скор од 17.поени (и по 4 скока и 4 асистенции), Едвин дојде до 15, Дамјан Стојановски имаше 11.поени (и 5.скока). Исто толку поени постигна и Крстевски (имаше и седум скока и три асистенции).

Во редовите на ТФТ, Гринли ја заврши оваа сезона со 11. поени (и 4.асистенции), а Зафиров дополни со дабл-дабл од 11.поени (и 10. скока). Десет поени и седум скока имаше Хотон.


Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

Масар Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и претседателот Чеферин е силен поттик за реформите и развојот на македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ....

Ракомет

Ракометарките ги дознаа противниците на ЕП 2026: Македонија доби силна група!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во пет земји – Полска, Романија,...

Поврзани написи
Кошарка

Уште еден момент за историја, кошаркарите на ТФТ ќе играат за место во АБА лигата

Македонската кошарка ќе има свој претставник во големото финале на АБА 2...

Кошарка

Скопје ќе биде домаќин на Европската конвенција за минибаскет

Во периодот од 4 до 7 јуни, Скопје ќе биде центар на...

Кошарка

Работнички чекор поблиску до опстанокот, Пелистер сигурен на трето место – МЗТ и ТФТ со победнички старт во ТОП 6

Возбудувањата во „МТЕЛ“ Супер лигата донесоа интересни пресметки и во Плеј-аутот и...

Кошарка

Ѓуроски херој на Куманово – драматична победа над Гостивар во последните секунди

МКК Куманово со многу мака стигна до важни бодови во Плеј-аут фазата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!