Вицешампионот Силекс го крои тимот за следната сезона во Првата лига, но и за европското лето. Откако тимот од Кратово го претстави босанскиот интернационалец Миљан Говедарица, португалскиот интернационалец Мигуел Пиреш, а ја продолжи соработката со браќата Љупче и Ѓорѓе Џеков пристигна уште едно засилувања.
Се работи за 28-годишниот напаѓач Мартин Мирчевски, кој во Кратово доаѓа од редовите на Железничар од Сараево, Босна и Херцеговина.
Низ својата кариера Мирчевски настапуваше за Пелистер, Победа, Беласица, Вардар, Брера Струмица на домашната сцена, во странство беше дел од Трепча од Косово, ТСЦ Бачка Топола во Србија и последно Железничар од БиХ од каде доаѓа во кратовски Силекс.
Силекс ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.