РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У-21 подготвена за Косово, Талевски: Сакаме да издвојуваме победа на двете средби, тоа е нашата цел

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје го одработи последниот тренинг пред утрешниот контролен натпревар со соодветната селекција на Косово.

Селекцијата предводена од селекторот Горан Станиќ утре го игра првиот од двата контролни натпревари со Косово на стадионот „Фадил  Вокри”, во Приштина со почеток во 19. часот.

Напаѓачот на Вардар и член на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Михаил Талевски во пресрет на дуелот со Косово даде  свое видување и коментар.

„Имаме одлични подготовки, максимално го користиме ова кратко време што го имаме до почетокот на квалификацискиот циклус во септември. Во склоп на овие јунски подготовки не очекуваат два контролни натпревари против Косово, репрезентација која е квалитетна. Сакаме да издвојуваме победа на двете средби, тоа е нашата цел. Се надевам дека ќе го покажеме целиот наш потенцијал и квалитет. Неоспорно е дека оваа група на фудбалери има квалитет, но тоа што најмногу ја краси оваа генерација е компакноста, желбата за докажување и победничкиот менталитет. Имаме тешка група во квалификациите која е составена од силни репрезентации како Италија, Шведска, Полска, но тоа не треба да претставува пречка, напротив треба да биде мотив плус за нас за да го дадеме максимумот на секоја средба, да не потцениме ниту еден противник и да одиграме добри квалификации“, вели Михаил Талевски.

Вториот контролен натпрева помеѓу Македонија и Косово до 21 се игра на 31. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, со почеток во 15. часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!