Ракомет

Охрид подготвен за ракометен спектакл – стартува продажбата на билети за Ф4 турнирот од Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Завршницата од Купот на Македонија во ракомет, познатата Фајнал Фор (Ф4) фаза, ќе се одржи во Охрид, а интересот за настанот веќе е на високо ниво. Од среда, 12:00 часот, започнува официјалната продажба на билети за полуфиналните и финалниот натпревар.

Билетите ќе бидат достапни на две локации: кај познатата продажна точка „Аждер“ и на билетарата при Спортскиот рекреативен центар „Билјанини извори“, секој ден во периодот од 18:00 до 20:00 часот.

Ценовникот за билетите е следниот:

  • Полуфинале 1: РК Вардар 1961 – РК Алкалоид | Цена: 200 денари
  • Полуфинале 2: ГРК Охрид – РК Еурофарм Пелистер | Цена: 200 денари
  • Комбиниран билет за двата полуфинални натпревари | Цена: 300 денари
  • Финален натпревар | Цена: 300 денари

Очекувањата се дека спортската сала „Билјанини извори“ ќе биде исполнета до последното место, со оглед на големиот интерес за екипите кои оваа сезона прикажаа врвен ракомет.

Обезбедете си навреме влезници бидејќи интересот за ракометниот спектакл што му претстои на Охрид е голем.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на Македонија до 19 години за дуелот со Луксембург

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Димитар Капинковски, го објави списокот на фудбалери за претстојниот репрезентативен собир. Селекцијата на Македонија ќе биде...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Македонија тренираше на „Стожице“, утре е мечот против Словенија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го имаше официјалниот тренинг на стадионот „Стожице“ во Љубљана, каде утре од 20:45 часот ќе ги одмери силите со...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер втор фаворит за европскиот трофеј!

Еурофарм Пелистер доби високо признание од Европската ракометна федерација пред стартот на...

Ракомет

Мате пред дербито со Вардар: „Очекувам тежок меч, но одиме по два бода!“

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик во Супер лигата, а во...

Ракомет

Вардар и Охрид повторно еден против друг, билетите веќе во продажба!

Нов голем ракометен дуел е закажан во Супер лигата, каде што Вардар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!