По одличната сезона во дресот на Јагелонија, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално повеќе не е дел од полскиот клуб. Откако повторно ја достигна препознатливата форма што ја имаше пред здравствените проблеми, Чурлинов ја заврши својата позајмица и се враќа во редовите на Барнли.
Како што беше познато уште од почетокот, Чурлинов во Јагелонија настапуваше како позајмен играч од англискиот клуб, а со завршувањето на сезоната, неговиот договор за позајмица истече.
Останува да се види дали македонскиот офанзивец ќе добие шанса во Барнли или ќе ја продолжи кариерата на друга адреса – одлука која ќе се очекува во текот на летниот преоден рок.
Чурлинов преку своите социјални мрежи им се заблагодари на клубот, соиграчите и навивачите на Јагелонија, со емотивна порака по разделбата.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа