Кошарка

КФСМ ги именува селекторите на младинските репрезентации!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

На состанокот на Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), одржан на 22 мај 2025 година, беа донесени одлуки за именување на селектори на младинските кошаркарски репрезентации кои ги очекуваат настапи на европските првенства ова лето.

Оливер Стојмановиќ е именуван за селектор на женската кадетска репрезентација (М16), која ќе настапи на Европското првенство – Дивизија Б што ќе се одржи во Турција.

Женската младинска репрезентација (М18) ќе ја предводи Виктор Петровски на Европското првенство – Дивизија Б во Литванија.
Во машка конкуренција, селекторската позиција на кадетската репрезентација (М16), која ќе се натпреварува на Европското првенство – Дивизија Б во Скопје, му е доверена на Нермин Пепиќ.

Едногласна поддршка од Управниот одбор доби Горан Андреевски, кој ќе биде селектор на младинската машка репрезентација (М18), учесник на Европското првенство – Дивизија А во Србија.

Машката репрезентација до 20 години (М20), која ќе настапи на Европското првенство – Дивизија Б во Ерменија, ќе ја предводи Горан Самарџиев.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Италијанска судиска екипа на „Стожице“ за дуелот Словенија – Македонија

Италијански арбитри ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Словенија и Македонија во второто коло од Лигата на нации. УЕФА ги одреди официјалните...

Ракомет

Текстилец максимален по три кола, Радовиш до бод против Пролет, Вардар Неготино го „тресна“ Сокол Саса со 50 гола

Текстилец од Штип продолжува со максимален ефект во новата сезона во Првата ракометна лига. Штипјани на домашен терен убедливо го совладаа Партизан од...

Поврзани написи
Кошарка

ВИДЕО: МЗТ Скопје со драматичен финиш до деветтиот Суперкуп

МЗТ Скопје Аеродром ја отвори новата сезона со трофеј, откако во возбудлив...

Кошарка

Суперкуп „Драган Василов – Цевка“: 80 години кошарка во Куманово

Денес, МКК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром ќе играат за првиот трофеј...

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!