КупФудбал

ВИДЕО: Вардар по 18 години повторно освојувач на Купот на Македонија – Талевски со два гола херој на финалето

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По пауза од цели 18 години, фудбалскиот клуб Вардар повторно се искачи на врвот и го освои трофејот во Купот на Македонија. Во финалниот натпревар одигран против екипата на Струга Трим Лум, „црвено-црните“ славеа со 2-0 и конечно го прекинаа долгогодишното „проклетство“ во ова натпреварување.

Херој на финалето беше младиот Михаил Талевски, кој ги постигна двата гола за Вардар. Првиот погодок дојде во 26. минута, кога по едно нафрлување од левата страна, Талевски ја зафати топката со колено и ја смести во мрежата на Струга. Со тој резултат се замина на полувреме.

Само три минути по почетокот на второто полувреме, Талевски повторно беше во главна улога – по индивидуална акција и одличен удар ја удвои предноста на Вардар, резултат кој остана непроменет до самиот крај.

ФОТО: Спортска Мрежа

Иако Струга ТЛ имаше свои шанси, особено преку Кехинде, не успеа да ги реализира. Вардар пак, иако немаше многу прилики, беше поефикасен и поконцентриран во клучните моменти.

Со оваа победа, покрај трофејот, Вардар обезбеди и пласман во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, што е огромен успех ако се има предвид дека тимот до неодамна водеше битка за опстанок во првенството.

ФОТО: Спортска Мрежа

Оваа титула е доказ за успешната работа на стручниот штаб и фудбалерите, а навивачите на најтрофејниот македонски клуб конечно добија причина за голема радост и нови надежи за иднината.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!