Младински фудбалФудбал

Петар Смилков убедливо најдобар стрелец во Третата пионерска лига – Група А!

Сподели
Сподели

Фудбалерот на Вардар Неготино, Петар Смилков, е убедливо најдобриот стрелец во Третата пионерска лига – Група А, со неверојатни 40 постигнати голови оваа сезона.

Овој 15-годишен напаѓач е вистински „мотор“ на својот тим, кој има најдобар напад во лигата. Вардар Неготино вкупно постигна 89 голови, од кои дури 40 се дело токму на Смилков – вистинско достигнување што ретко се гледа на младинско ниво.

Втор на листата на стрелци е Бојан Колишев од Слога Виница со 21 погодок, додека третото место му припаѓа на Михаил Гоговски од Академија Осогово, кој има 19 голови.

На табелата, Академија Осогово е првопласирана со 45 бодови, исто колку и Вардар Неготино, но поради подобар меѓусебен скор, тимот од Крива Паланка ја предводи табелата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите, како и два меча кај...

ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!