Младински фудбалФудбал

ОФС Валандово – одличен домаќин на ФФМ Детската лига (Централен регион, Група Б) со врвна организација!

Сподели
Сподели

Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Валандово беше организатор и домаќин на завршниот турнир од ФФМ Детската лига – Централен регион, Група Б, каде настапија две генерации млади фудбалери, родени 2015 и 2017 година.

Натпреварите се одиграа на Градскиот стадион во Валандово, кој беше одлично подготвен и понуди идеални услови за игра.

Во генерацијата 2015 учествуваа седум екипи: Победа Кидс (Валандово), Кожуф (Гевгелија), Хоризонт Турново, Брера Струмица, Беласица, Детонит Плачковица и Џокер Фурка. Кај генерацијата 2017 настапија четири екипи: Победа Кидс, Кожуф, Брера Струмица и Азури (Радовиш).

Брера Струмица ја освои титулата во генерацијата 2015, прикажувајќи доминантни настапи, со што се избори за пласман на завршницата во Скопје. Во генерацијата 2017, триумфираше Азури од Радовиш, совладувајќи ја екипата на Победа Кидс со убедливи 4:0 во финалето, па така радовишани патуваат на завршницата во Скопје.

ОФС Валандово се покажа како извонреден домаќин, обезбедувајќи сендвич, сок, банана, кроасан и вода за секој млад фудбалер – пример за тоа како треба да се води грижа за младите спортски надежи и нивниот развој.

Турнирот понуди многу возбудливи натпревари, голови, победи и порази, поддршка од трибините, емоции и спортски дух. Валандово уште еднаш покажа дека знае да биде вистински домаќин, а сите учесници – фудбалери, тренери и родители – си заминаа задоволни од организацијата и гостопримството.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!