Младински фудбалФудбал

Петар Смилков убедливо најдобар стрелец во Третата пионерска лига – Група А!

Сподели
Сподели

Фудбалерот на Вардар Неготино, Петар Смилков, е убедливо најдобриот стрелец во Третата пионерска лига – Група А, со неверојатни 40 постигнати голови оваа сезона.

Овој 15-годишен напаѓач е вистински „мотор“ на својот тим, кој има најдобар напад во лигата. Вардар Неготино вкупно постигна 89 голови, од кои дури 40 се дело токму на Смилков – вистинско достигнување што ретко се гледа на младинско ниво.

Втор на листата на стрелци е Бојан Колишев од Слога Виница со 21 погодок, додека третото место му припаѓа на Михаил Гоговски од Академија Осогово, кој има 19 голови.

На табелата, Академија Осогово е првопласирана со 45 бодови, исто колку и Вардар Неготино, но поради подобар меѓусебен скор, тимот од Крива Паланка ја предводи табелата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари со доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата лига во Гази Баба со голем број погодоци на секој меч....

Ракомет

Сите патишта водат кон „Млаз“ – Богданци и целиот Југоисток се обединуваат за првата победа на Младост!

Во сабота, Богданци повторно ќе живее за ракометот! Легендарната сала „Млаз“ се подготвува за вистински ракометен спектакл, а на трибините се очекува атмосфера...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари со доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

ФудбалЧетврта лига

Локомотива до минимална победа, реми на Тополка и Горски, Плавник го доби Согле

Седмото коло на Општинската фудбалска лига во Велес донесе погодоци на сите...

ФудбалФутсал

Проект со девет гола го декласираше Железарец, Кеги Моби ја доби голеадата со Бутел

Шампионот Проект со девет гола го декласираше повратникот Железарец, кој е поранешен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!