Втора лигаФудбал

Историски успех за Арсими, Македонија ЃП се враќа во елитата – Башкими во бараж за ПМФЛ

Сподели
Сподели

Македонија Ѓорче Петров и Арсими обезбедија директен пласман во Првата македонска фудбалска лига, додека Башкими ќе мора преку бараж натпревар против Беса да се обиде да стане нов прволигаш, а тимот од Добри Дол ќе бара опстанок во елитата.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров уште во минатото коло си го обезбедија првото место, а сезоната ја заокружија со реми без голови (0-0) против Беласица. Иако по број на освоени бодови израмнети со Арсими (65), скопјани го освоија шампионскиот пехар благодарение на подобар меѓусебен дуел.

Историски ден доживеа Арсими, кој со високи 0-4 на гостувањето кај Вардар Неготино по првпат во клупската историја обезбеди место во македонската фудбалска елита.

Тимот од Чегране го реши прашањето околу победникот уште во првото полувреме, кога за само осум минути постигна три гола преку Таипи, Рамадани и Белули, а Алити во продолжението стави точка на триумфот.

Башкими, и покрај казната со одземање на три бода, успеа да заврши трет и да стигне до шанса за бараж. Во Штип, гостите од Куманово со гол на Емир Асани уште во 9. минута ја совладаа Брегалница со 0-1. Натпреварот, за жал, беше засенет од сериозната повреда на стрелецот Асани, кој мораше да биде изнесен од теренот.

Во останатите натпревари: Детонит Плачковица и Победа одиграа ефикасно реми 2-2, Скопје со пресврт ја совлада Каменица Саса со 3-2, а Кожуф пред својата публика го декласира Новaци со убедливи 5-1.

За радовишани стрелаа Трајковски и Масевски, за прилепчани Димоски и Богоески.

Во Автокоманда за Скопје погодија Наков, Михолов и Рамадани, за Саса стрелаа Голубов и Чурлинов.

За Кожуф два гола даде голгетерот Дуков, а погодија и Бошески, Стојанов и Демиров, а Картов си постигна автогол.

Борец со победа од 4-1 над Охрид се прости од ВМФЛ, додека Осогово со убедливи 4-0 против Вардарски ќе има втора шанса за опстанок преку бараж.

За велешани погодија Филиповски, Османи, Анчевски и Емини, за охриѓани стрелаше Дишлиевски. За Осогово три гола даде Манов, а еден гол даде Стојковски.

Финалната табела покажува дека Македонија ЃП и Арсими имаат по 65 бодови, Башкими заврши трет со 63, а Брегалница четврта со 58. На дното останаа Вардарски со 11 и Борец со 17 бодови, кои од следната сезона ќе играат во третата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!