Турнири

Нови возбудувања и многу погодоци на „Враништа 2025“, убедливи победи за Бел Мерцедес и Аце Најдески

Сподели
Сподели

Фудбалската магија се врати на терените во Враништа по кратка пауза, а публиката повторно уживаше во возбудливи натпревари, голови и неизвесност до последниот свиреж.

Аце Најдески беше апсолутно доминантен во првиот меч од вечерта, совладувајќи го Дооел Нануш 2015 со убедливи 10:1, покажувајќи сериозна форма и најава за високи амбиции.

Бел Мерцедес продолжи со сигурни настапи, славејќи против Фурна Настоски и Форт Кафе со 5:1, во меч во кој ја контролираа играта од почеток до крај.

Во дербито на вечерта, Кафе Бар 9 извојува важна победа над досега одличниот Кафе Линди, триумфирајќи со 2:1 во натпревар полн со борбеност и висок интензитет.

Последниот дуел беше вистински трилер – Виена Комерц го совлада Брумел со 4:3, во меч со многу неизвесност до самиот финиш.


Турнирот продолжува со несмалено темпо, а секој натпревар е нова можност за спектакл, дружба и спортски дух!

Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот “Враништа 2025”.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!