ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Млекар се пласираше во финалето за влез во Трета лига – Југ, ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Кадица и Кадино

Сподели
Сподели

Екипата на Млекар се пласираше во големото финале од плеј-офот на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Прилеп или Четврта лига по ранг на натпреварување, откако во полуфинале го совлада Гарван од Десово преку пенал-рулетот.

Регуларниот дел од натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп заврши без погодоци (0:0), па мораше победникот да се бара преку изведување на пенали.

Во пенал-серијата подобра беше екипата на Млекар, која со 5:4 славеше над Гарван и така обезбеди финале.

Тимот на Млекар утре ќе го дознае противникот за финалето, а ќе се чека на исходот од вториот полуфинале меч меѓу Кадино од Забрчани и Кадино од Кадино Село. Победникот од овој меч ќе игра финале против Млекар.


Победникот во големото финале обезбедува влез во Третата македонска фудбалска лига – Југ за следната сезона 2025/2026.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!