Останато

Трето место за Игор Стефановски – Иџе на трката во Португалија!

Сподели
ФОТО: Igor Idze Stefanovski
Сподели

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски – Иџе изминатиов викенд повторно се искачи на пиедесталот, освојувајќи го третото место на третата трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки. Трката се одржа на познатата патека Рампа да Фалпера во португалскиот град Брага.

Возењето се одвиваше во исклучително тешки временски услови, поради силниот дожд кој предизвика повеќе незгоди и прекини. Неповолните услови ја направија трката вистински предизвик и за најискусните возачи, но Иџе успеа да извлече максимум од својот болид и да стигне до заслуженото трето место.

„Не можам да бидам незадоволен со освоеното трето место на оваа патека и тоа во условите во кои се возеше, особено затоа што бевме во борба со автомобили на погон со сите 4 тркала. Иако постигнав најдобро второ време во второто возење, збирниот резултат од двете трки, ми го донесе третото место. Морав да се задоволам со третата позиција на подиумот. Горд сум што сум најдобро пласираниот автомобилест во ГТ класата за португалскиот шампионат, во кој возат докажаните португалски автомобилисти. Благодарност до мојот тим, како и тимот и инженерите на Ферари за нивната поржтвуваност во оваа трка, што придонесе мојот автомобил да биде подготвен за овие екстремно тешки услови. Од Португалија, продолжуваме во Шпанија, каде за пет дена не очекува следната трка“, изјави Стефановски.

Нема многу време за одмор – за само пет дена Иџе го очекува нов предизвик во Шпанија. Новата трка ветува уште повеќе адреналин, а нашиот шампион ќе атакува повторно на место на пиедесталот.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!