Ракометната репрезентација на Македонија предводена од селекторот Кирил Лазаров забележа голема и убедлива победа од 17:36 над Естонија во гости, со тоа ја исполнивме првата од двете цели за пласман на Европското првенство кое се игра следната година.
Македонија се покажа во моќно издание и лесно однесе убедлива победа со одлична игра во текот на сите 60 минути во Талин, а на полувреме имавме предност од 10:19.
Избраниците на Лазаров немаа проблеми и успешно ја совладаа репрезентација на Естонија, во меч каде капитенот Кузмановски имаше шест гола, Серафимов пет од пет, а пак Лазаревски имаше четири гола. Томовски запиша 13 интервенции, а Митревски имаше седум одбрани.
Сега фокусот е на Литванија овој меч ќе мора да го добиеме со најмалку три гола разлика и така да се пласираме на ЕП.