Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу: Навистина е тежок и исцрпен период за 10 дена четири натпревари!

Сподели
Сподели

Второлигашите се пред сериозен тест со густиот распоред за одигрување на натпреварите, откако оваа среда ги одиграа натпреварите од Купот на Македонија, веќе утре ќе ги одиграат натпреварите од 5. коло, во среда (25. септември) ќе ги одиграат натпреварите од 4. коло, а пак во сабота (28. септември) натпреварите од 6. коло на Втората лига.

Ваквиот густ распроед е сериозен проблем, но и предизвик за второлигашите. Стручните штабови ќе мораат да бидат максимално внимателни, да ротираат со играчи, да чуваат свежина во своите редови со цел да избегнат повреди бидејќи се на старт од сезоната.

Во разговор за Спортска Мрежа, Љабинот Муслиу од стручниот штаб на Арсими ја анализираше оваа ситуација. Екипата на Арсими во средата гостување во Гевгелија во рамки на Купот на Македонија кај Кожуф, утре на домашен терен ќе игра со Новаци, а потоа во среда им следува гостување во Прилеп кај Победа, а пак следната сабота ново далечно гостување во Македонска Каменица кај Каменица Саса.

  • ИЗЈАВА НА ЉАБИНОТ МУСЛИУ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА:

Второлигашите за време на репрезентативната пауза на сениорската А репрезентација требаше да играат, а да одмараат поради настапите на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија, со тоа тие ќе имаа пауза од еден викенд, а вака се собра голема пауза, а сега имаат сериозен притисок да во краток период одиграат многу натпревари, за што голем дел од тренерите и клубовите се сложни во изјавите за Спортска Мрежа и во разговор со нашиот уредник и спортски новинар Александар Ванев.

Останува да видиме како второлигашите ќе го надминат овој период на многу натпревари во краток период и дали тоа ќе им влијае врз самата игра.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. септември 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Напредок слави голема победа, триумф за Тетекс и Влазерими, Дрита пресилна!

Денес беа одиграни четири натпревари од второто коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад. Во дербито на Напредок и Љуботен кое се...

Ракомет

Вардар преку Маргели до победа во Радовиш

Повеќекратниот македонски и двократен европски шампион Вардар сосема очекувано славеше во СРЦ “25 Мај” во рамки на 3. коло на Суперлигата над повратникот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Напредок слави голема победа, триумф за Тетекс и Влазерими, Дрита пресилна!

Денес беа одиграни четири натпревари од второто коло на Третата македонска фудбалска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Победа Валандово 16 со настан за промовирање на женскиот фудбал „Отворен ден за фудбал“

Женскиот фудбалски клуб Победа Валандово 16 организира настан „Отворен ден за фудбал“...

КупФудбал

Погледнете каква беше атмосферата на Куп натпреварот меѓу Кожуф и Арсими

Во рамки на првата фаза од Купот на Македонија екипата на Кожуф...

Втора лигаФудбал

Супер засилување за Новаци: Пристигна Данил Романов од Австралија!

Второлигашот Новаци за продолжението од сезоната во Втората лига доби супер засилување,...

© 2024 СПОРТСКА МРЕЖА. Сите права се задржани.