ФудбалФутсал

Дербито со Свети Николе меѓу Овче Поле и Балкан заврши со десет гола, но без победник – Мал Ајакс сега изби на првото место!

Сподели
Сподели

Големото мега дерби од 22. коло на Втората футсал лига на Македонија во Свети Николе заврши без победник, но со десет гола откако Овче Поле и Балкан ремизираа играјќи 5:5.

Ѓорѓи Султанов и Марио Панев беа двојни стрелци, а еден гол постигна Дамјан Благоевски, додека пак за гостинската екипа двапати стрелаше Пајтим Реџепи, а по еден гол постигнаа Џељал Мјаку, Ерол Далип и Јусуф Сулејмани.

Ваквото реми најмногу му одговараше на штипски Мал Ајакс откако со 5:9 славеше над ССК Скопје во Кисела Вода.

Иса Дурмишов постигна пет гола, двапати стрелаше Даниел Стојанов, а по еден гол постигнаа Теодор Наков и Марјан Зашков. За домашната екипа Антонио Крстевски постигна два гола, а по еден гол Бранко Ѓуровски, Реџеп Бислим и Борјан Цветановски.

Екипата на Конзули од Битола како домаќин играше во Ресен каде со 5:2 го доби Кораб од Дебар. За домашниот тим хет-трик постигна Лука Ѓорески, а по еден гол постигнаа Марјан Јовановски и Темур Емини, додека пак за гостинската екипа Ервин Елезоски и Дарко Блажевски беа стрелци.


Претходно, како што објави Спортска Мрежа екипата на СЕЕ Университи беше пресилна за Карадаку, извештајот од мечот е достапен овде, а пак Каршиака со десет гола го збриша Кратово, извештајот од овој меч е достапен овде.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!