Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со лото победа – три гола за Билјана Панеска, Ас Јунајтед ја слави Веса Села, Топ Гоп убедлив!

Сподели
Сподели

Екипата на Тиверија Брера забележа лото победа од 7:1 над Истатов во меч каде Билјана Панеска постигна хет-трик, a по еден гол во убедливата победа од 23. коло на Првата женска фудбалска лига за струмичкиот тим постигнаа Кристина Нафула, Александра Терзиски, Ива Јосифова и Тчеури Харуми Гоја.

За гостинскиот тим единствен стрелец беше Кристина Петрушевска, која голот го постигна во 56. минута од натпреварот.

Струшки Ас Јунајтед ја слави Веса Села откако во 82. минута постигна гол за победа од минимални 0:1 над Атлетико среде Битола. Минимална, но голема победа за струшкиот тим, победа вредна на директен опстанок во Првата женска фудбалска лига.

Екипата на Топ Гол со убедливи 3:0 на домашен терен во Битола славеше над Речица. Резултатот го отвори Анастасиа Илиевска во 6. минута од мечот, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел од мечот Илиевска со втор гол зголеми на 2:0, откако погоди во 57. минута, а три минути подоцна Мелани Додевска капитулираше по третпат на својот гол, кога Маргарита Талевска постигна гол за конечни 3:0.

Натпреварот меѓу Каменица Саса и Скопје заврши без победник, но и без погодоци, откако двете екипи ремизираа играјќи 0:0. Главниот судија на овој меч Дарко Стојанов подели три жолти картони кај домашниот тим, а кај гостинскиот тим покажа пет жолти картони.


Веќе се е јасно, за титулата ќе се решава меѓу Љуботен и Тиверија Брера, а пак Речица се подготвува за бараж за опстанок против второлигашот Вардар.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 20 18 1 1 94 13 +81 55
2 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 20 17 2 1 95 9 +86 53
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 20 15 2 3 57 16 +41 47
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 20 13 1 6 45 21 +24 40
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 20 6 3 11 22 53 -31 21
6 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 21 5 3 13 20 48 -28 18
7 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 21 4 4 13 15 48 -33 16
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 21 4 0 17 28 67 -39 12
9 ЖФК РЕЧИЦА 21 2 0 19 16 117 -101 6
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) 0 0 0 0 0 0 0 -3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!