Трета лигаФудбал

Петар Ристовски е најдобар стрелец во Трета лига – Југ, Мемедов најблиску до него!

Сподели
Сподели

По 23 одиграни кола во Третата фудбалска лига – Југ, продолжува неизвесноста околу тоа кој ќе биде најдобар стрелец.

Со 23 постигнати погодоци, фудбалерот на Венец од Долни Дисан, Петар Ристовски, е најдобар стрелец. Тој има три гола повеќе од Армен Мемедов, кој го носи дресот на Дреново и се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци.

Трет, со 17 погодоци, е Беким Алимоски, кој настапува за екипата на Големо Коњари, лидер во Трета лига – Југ, а потоа следуваат Зани Ахмедовски од Башкими 2008 и Бобан Тошески од Ултрас, со по 14 постигнати погодоци.

По 12 гола имаат Антонио Димоски од Младост и Игор Паноски од екипата на Ултрас.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!