Ракомет

Кукуловски за Спортска Мрежа: Целта ни беше да бидеме на завршницата од Купот, одиме таму по титула!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид обезбеди пласман на Ф4 турнирот од Купот на Македонија, откако во финалето на групата 4 славеше над Тиквеш со 34:25.

Охрид уште еднаш се покажа како одличен домаќин на групата, но одлично се покажа и на теренот и ја оствари својата прва цел да биде на завршницата на Купот.

Ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски за Спортска Мрежа истакна дека целта била Охрид да биде дел од завршницата од Купот и дека секако таму одат по титула.

„Нашите амбиции се, нормално, да одиме што подалеку, и ако можеме и да го освоиме Купот. Денес беше еден исклучително тежок натпревар, особено првото полувреме беше егал натпревар, но добро, во второ полувреме ги намаливме техничките грешки и гол по гол, полека дојдовме до посакуваниот резултат. Нормално, цел ни беше завршницата на Купот, па сега имаме доволно време да се подготвиме за фајнал фор, нормално, одиме таму како што кажавме- на титула, но полека.. чекор по чекор, па ќе видиме што ќе биде“, рече Кукуловски за Спортска Мрежа.

Охрид одигра одличен меч и буквално во вториот дел го „уништи“ Тиквеш и со тоа „гладијаторите“ патуваат на Ф4 турнирот на Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската У19 репрезентација на Македонија го доби вториот дуел со Косово, Галабовска и Грозданова стрелци на головите

Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации....

Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!