Прва лигаФудбал

ФФМ: Криминалните структури и ѓубрето во фудбалот ќе бидат целосно исчистени

Сподели
Сподели

Откако Гостивар одличи да го напушти натпреварот со Работнички и да не го одигра мечот откако „романтичарите“ направија пресврт и поведоа со 1:2 со сооштение излезе и Фудбалската федарација на Македонија (ФФМ).

Во прилог целосното соопштние на ФФМ по мечот со Гостивар и Работнички.

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар.

ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.

Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите.

Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.

Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.

Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше најавено расчистување со криминалот и корупцијата во македонскиот фудбал се директна причина за оваа срамна постапка.

Тие кои со години беа навикнати на привилегии, денес, кога владеат правилниците, транспарентноста и фер-плејот, не можат да функционираат во регуларен систем.

И покрај оваа неодговорна и кукавичка постапка, ја уверуваме јавноста дека регуларноста на Прва МФЛ нема да биде нарушена. Првенството ќе продолжи по правилата и прописите од натпреварувањето.

Криминалните структури и ѓубрето во фудбалот ќе бидат целосно исчистени.

Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи уцени и притисоци.

Напротив – ФФМ ќе излезе уште посилна од овие координирани подземни постапки што интензивно се случуваат во последните денови.

Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат.

Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!

Овој меч Работнички го добива со службени 0:3, останува да видиме какви ќе бидат другите сакнции за Гостивар.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб, кој доаѓа на местото на Крсте Крстев, кој по седум кола...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера го одработи последниот тренинг, позитивна атмосфера пред реваншот со Санта Колома – младите струмичани атакуваат на нова победа во ЛШ!

Младинскиот тим на Брера Струмица е подготвен за нов европски предизвик! Струмичани денеска го одработија последниот тренинг на стадионот „Истатов“ пред утрешниот реванш...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!