Ракомет

Атанасов: Доаѓа Вардар тоа е празник за градот, очекуваме поддршка од радовишани и навивачите!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Суперлигашот Радовиш в сабота на домашен терен во СРЦ “25 Мај” го пречекува повеќекратниот македонски шампион и двократен европски шампион Вардар, во рамки на 3. коло.

Радовишани имаат тежок распоред на стартор од сезоната, играа против Охрид и Алкалоид, а во Автокоманда го изненадија фаворитот во првиот дел.

Сепак, ваквиот тежок распоред за Радовиш е предност бидејќи ќе добие на време за воигрување пред клучните мечеви каде треба да освојуваат бодови за опстанок.

Пред мечот со Вардар изјава за Спортска Мрежа даде ракометарот на Радовиш, Ристе Атанасов, кој вели дека натпреварот со Вардар ќе биде празник за градот, додава дека очекува поддршка од радовишани и навивачите.

  • ИЗЈАВА НА РИСТЕ АТАНАСОВ ПРЕД МЕЧОТ СО ВАРДАР:

Натпреварот меѓу Радовиш и Вардар се игра в сабота со почеток од 18:30 часот, во СРЦ “25 Мај” во Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЖРК Вардар со тренерска промена: Даниела Новеска нов шеф на стручниот штаб

Женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со досегашниот стручен штаб на сениорската екипа, Анжела Платон и Александра Кузмановска, кои повеќе нема да...

ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Реми на ГФК Охрид со Будуќност во првото коло на ЕРС (eFootball Pro Champions)

Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која настапува екипата на ГФК Охрид Лихнидос, за што веќе ексклузивно објави...

Поврзани написи
Ракомет

ЖРК Вардар со тренерска промена: Даниела Новеска нов шеф на стручниот штаб

Женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со досегашниот стручен штаб на...

Ракомет

Регионална ракометна лига на чекор до реализација: Се чека зелено светло од македонските клубови

Идејата за формирање на нова Регионална ракометна лига со клубови од Србија,...

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!