МагазинСМ Поткаст

ВИДЕО Анализа: Треба ли шампионите во Трета лига да играат бараж за Втора лига?

Сподели
Сподели

Анализа на Спортска Мрежа за баражите за влез во Третата македонска фудбалска лига. Пред нешто повеќе од три месеци започнавме да го наметнуваме прашањето зошто шампионите во Трета лига да играат бараж за влез во Втора лига, кога самиот момент штом тие станале шампион треба да имаат загарантиран влез во Втора лига односно повисок ранг на натпреварување.

Веќе неколку сезони петте шампиони во Трета лига (Југозапад, Запад, Север, Југ и Исток) играат баражи со екипата која ќе биде на 14. место во Втора лига бараж за влез во Втора лига.

Играњето на баражи може да ја фрли во вода цела успешна сезона на еден третолигаш. Во минатото екипата на Влазерими од Кичево две сезони по ред беше шампион во Трета лига – Запад и две години по ред ги губеше баражите, пред две сезони од Башкими, минатата сезона од Борец. И сега се отвара прашањето кој ќе биде мотивот на екипата да се натпреварува? Како третолигаши да бараат генерални спонзори со цел да може да се надоградуваат и да се борат за влез во Втора лига?

Дополнително, како за пример, одреден клуб во Трета лига може да нема ниту еден загубен натпревар во текот на целата сезона, да дојде во бараж и тука резултатот да биде нерешен и на пенали да загуби, несреќно, екипа која била цела сезона прва без пораз!

Ова мора да се промени ако сакаме Трета лига да оди во нагорна линија, во секој друг случај тој бараж натпревар ќе се рефлектира негативно кон третолигашите и нивниот развој и можноста за барање на инвеститор или генерален спонзор и слично.

Погледнете ја анализата на Спортска Мрежа од пред три месеци каде разговаравме на темата за баражите на третолигашите и можноста Трета лига да се прекрои со регионите, неофицијално како што дознаваме, а откако направивме неколку емисии на оваа тема веќе сериозно се размислува за менување на пропозициите и овозможување на шампионите во Трета лига директен влез во Втора лига.

Во следниот период ќе реализираме емисија токму на оваа тема.

  • АНАЛИЗА НА СПОРТСКА МРЕЖА: ТРЕБА ЛИ ШАМПИОНИТЕ ВО ТРЕТА ЛИГА ДА ИГРААТ БАРАЖ ЗА ВТОРА ЛИГА?

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
МагазинРакомет

На полувреме со… Дејан Кукуловски-левиот бек на Охридската ракометна Тврдина

Во рубриката „На полувреме со…“ го претставуваме тимот на Охрид во нивната...

МагазинРакомет

На полувреме со… Даниел Ѓорѓески- еден од чуварите на Охридската ракометна Тврдина!

Во рубриката „На полувреме со…“ ги поставуваме најзабавните и најопуштените прашања на...

ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | „Верувам во мојот тим и во нашиот квалитет“- Борис Ројевиќ пред дуелот со Добој

Ракометната еуфорија во Охрид не стивнува. По маестралната победа над Алкалоид (28:24)...

МагазинОстанатоФудбал

Масар Омерагиќ и Диме Попоски – средба на старите спортски фудбалски легенди

Во пријателска средба во Скопје, претседателот на фудбалскиот сојуз (ФС) на Охрид,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!