Втора женска фудбалска лигаФудбал

Победа Валандово против Борец, Јанчева ќе ја дели правдата за комплетирање на првото коло во ВЖФЛ!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес со натпреварот во Валандово меѓу Победа Валандово 16 и Борец ќе се комплетира првото воведно коло од новата сезона во Втората женска фудбалска лига.

Овој натпревар наместо во неделата се одложи и ќе се одигра денес со почеток во 16 часот.

Главен судија на мечот ќе биде Виолета Јанечва од Гевгелија, а нејзини помошници ќе бидат Илија Атанасов и Андон Михајлов од Гевгелија.

Во првото коло големиот фаворит Кочани со 1:5 го декласираше Билјанини Извори во Охрид, со 0:5 Порече го декласираше дебитантот Слободен, а пак Плачковица откина бодови од фаворитот Вардар, откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2 за што информираше Спортска Мрежа со комплетен извештај за овие натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена Звезда до 2031 година. 20-годишниот фудбалер со своите настапи и напредокот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите за Европското првенство. Македонската селекција ќе настапи во четвртата група од...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!